Полициски службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11.12.2025 во 14:45 часот на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства, по што со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Актуелно
- Фејсбук тестира наплата за споделување линкови
- Знаци кои во 2026 година ќе имаат среќа во љубовта и плодни финансиски проекти
- Владата на Србија предложи Бадник да биде неработен
- Албанија со најголем пад на населението во регионот
- 49-годишна жена заврши зад решетки: Агресивно се однесувала со полицајци
- Умеров пред преговорите со САД: Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана
- Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН
- 5 работи кои ги прават нарцисоидните мажи за време на празниците

