Полициски службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11.12.2025 во 14:45 часот на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства, по што со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Актуелно
- Крај на телевизиската ера на Оскарите – од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб
- Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река
- На Зеленски итно му требаат пари
- Трипуновски: Откупени се околу 15 милиони килограми тутун
- Скопјанка си го истепала синот со здравствени проблеми
- 3 хороскопски знаци ќе се збогатат на игри на среќа до 25 декември
- Се урна приватен авион во Северна Каролина
- За да ве следи среќа цела година- запомнете го утрешниот датум

