Полицаец од Велес малтретирал маж кој го привле поради неносење маска - му се заканувал со автоматска пушка

Одделот за внатрешна контрола на полицијата поднесе кривична пријава против 41-годишен полицаец од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело малтретирање во службата.

Како што информираат од МВР, на 29 мај во Велес, пријавениот при преземање на службени дејствија за неносење заштитна маска, привел едно лице и насилно го внел во полициското возило, каде на седиштето имало автоматска пушка.

Откако приведениот реагирал, полицискиот слижбеник му упатил закани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа