Полеале наоколу со бензин, а носеле и запалки - куќата на Мирослав Илиќ за малку ќе била запалена

Куќата на српскиот пејач Мирослав Илиќ за малку ќе била запалена, а сето тоа го видел неговиот сосед.

Како што вели соседот за Курир.рс три момчиња носеле канти со бензин и запалки.

„Вудов дека полеваат околу куќата со бензин. Не знам зошто тоа го направија и што им е Мирослав виновен, но сигурен сум дека сакаа да палат. За среќа, се виде и уште еден сосед кој излезе надвор. Слушнав како вели „Ало, што правите, бре? Зошто полевате со бензин?“. Кога го слушнале сите тројца во паника избегаа - раскажал соседот.

Пожарот бил избегнат, а пејачот се уште не дал изјава за медиумите во врска со овој настан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега