Покренати 290 обвиненија поради коронавирусот

Судските органи во Кина покренаа обвиненија против 290 лица за случаи поврзани со превенција и контрола на коронавирусот, соопшти Врховното јавно обвинителство на Кина.

До вторникот обвинителите истражувале 2.692 криминални дела, за кои се осомничени 3.722 лица, од кои 598 биле уапсени.

Обвиненијата вклучуваат предизвикување ширење на новиот вирус, поради непочитување на мерките за превенција и контрола; мешање во работата на јавната администрација; производство и продажба на фалсификувани производи.

Вкупно 207 од кривичните случаи се поврзани со нелегален лов на диви животни и ретки и загрозени животински видови, соопшти кинеското Јавно обвинителство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега