Покрената истрага против Курц во врска со аферата „Ибица“

Покрената е истрага против австрискиот канцелар Себастијан Курц поради лажна изјава пред парламентарниот истражен комитет во врска со аферата „Ибица“.

Опозициските партии го обвинија за давање лажно сведочење пред комитет во врска со аферата „Ибица“.

Антикорупциската канцеларија започна истрага, што може да доведе до кривична пријава против канцеларот.

Курц се надева дека тоа ќе се случи наскоро.

„Тогаш ќе имам можност да му ја кажам на судијата мојата страна на приказната“, рече канцеларот на прес-конференција.

Тој додаде дека секогаш искрено одговарал на прашањата на комисијата.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега