Покрај вилата на Меган и Хари пронајдени човечки коски- полицијата веднаш спровела истрага

Работниците пронашле коски во близина, на само неколку метри од имотот кој чинеше 11 милиони фунти. Двојката тука се пресели пред една година, откако дојдоа во Америка со нивниот син Арчи

Остатоците од човечки скелет се пронајдени покрај имотот на принцот Хари и Меган Маркл во Лос Анџелес, во населбата Монтесито. Работниците ги нашле на само неколку метри од домот на кралскиот пар.

Пронајден е дел од скелетот, за кој се претпоставува дека му припаѓа на Индијанец, кој живеел во тој дел пред неколку векови. Точната возраст ќе ја утврдат форензички антрополози. Не е познато кому му припаѓа имотот, но работниците веднаш престанале да работат и повикале полиција.

03.06.2021 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега