Погрешно свртување скапо ги чинело: Брачен пар по грешка ја преминал амеркинската граница, па завршиле во притвор со 3 месечно бебе

Британски млад пар се уапсени за време на посета на Канада кога случајно преминале на американската граница обидувајќи се да избегнат животнонапатот.

Го згрешиле патот, па ненамерно влегле во САД, па бил уапсени заедно со нивното тримесчно бебе.

Се тврди дека момчето оттогаш е подложено на нехумани услови и во моментов е во притвор на Беркс во Лиспорт, Пенсилванија.

Детето веќе има промени на кожата и инфекција на очите, а бебето е оставено голо во студените простории во затворот, бидејќи им биле одземени работите како и прекривачот на бебето и однесени се на перење.

Родителите Дејвид (30) и Ајлин (24) рекле дека им било скратено и правото да контактираат со амбасадата.

„Ќе имаме траума до крајот на животот поради ова што ни го направија американските власти“ рекле тие.

Освен тоа приведен е и братот на Дејвид со неговата сопруга и двете ќерки.

„Воопшто не знаеле дека ја преминале границата. Не ни знаеле дека се на територија на САД. Само се обидувале да се вратат во звојот хотел“ се наведува.

Нивниот адвокат не знаел да каже какво животно им се испречло на патот.

Службениците од имиграционо рекле дека ќе го проверат случајот и ќе одговорат за што се рабои, што е можно поскоро.

Ајлин рекла дека на 3 октомври со семејството дошла во Ванкувер и дека немала намера да влезе во САД.

Мајкл возел близу границата со САД кога животно му го попречило патот, па свртел на спореден пат за да избегне судар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега