Погребана 40-годишната родилка која синоќа почина на ГАК а ден претходно и нејзиното бебе

На гробиштата во Шуто Оризари  денеска беа погребани посмртните останки на 40-годишната родилка која синоќа почина на Гинеколошко-акушерската клиника ,, Мајка Тереза“, а ден претходно и нејзиното бебе по пораѓањето со царски рез, пренесува „Канал5“.

Обилното крварање било причина за смртта на 40 годишната родилка на Клиниката за гинекологија и акушерство. Од клиниката објаснуваат дека жената дошла во 36 недела од бременоста или во осмиот месец. Првиот преглед покажал можни проблеми со бебето по што и рекле да излезе да се напие течност и повторно да се врати на преглед ЦТГ. Од инекологија објаснуваат дека на жената и рекле да седи надвор поради корона вирусот и кога ја побарале таа не била пред болницата за да се врати по еден час со обилно крварење.

Докторите објаснуваат дека жената пријавила дека имала четири деца и неколку абортуси кои може да биле и причина за одредени компликации во бременоста, а според кажувањата на докторите и оваа бременост не била контролирана

Сопругот на починатата родилка Седат Јашар вели дека сопругата по првиот преглед му пренела дека и рекле да одат дома, па да се вратат назад. Тој за Канал 5 раскажува дека само што стигнале до Шуто Оризари таа почнала да крвари и веднаш се вратиле назад, каде била примена во болница.. на Јашар му соопштиле дека бебето е мртво, а жената имала компликации од крварењето. Итно ја извадиле матката, но поради големото крварење таа починала ден по раѓањето кој бил извршен со царски рез.

Јашар вели дека најголем проблем во Шуто Оризари е што нема матичен гинеколог, неговата сопруга била прв пат во петиот месец во бременоста на приватен гинеколог,а матичниот е во општина Чаир и признава дека поради ова не одела на редовни контроли. Во оваа општина повторно се јавува стариот проблем една година нема гинеколог во амбулантата.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство објаснија дека ќе има комисија која ќе ГО разгледа целиот случај со жената. Обдукција не телото ќе нема, зошто на инсистирање и барање на семејството телото на починатата било земено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега