Погребан убиениот бизнисмен - ковчегот го носеа црни коњи

Тага, болка и лелеци денеска биле сликата на гробиштата каде последно збогум му кажаа роднините, колегите и пријателите на убиениот бизнисмен од Бања Лука, Славиша Круниќ.

Ковчегот бил ставен на запрежна кола која ја влечеле два црни коњи.

Поради големиот број луѓе кои сакале да му кажат последно збогум, погребот доцнел два часа, пренесе српскиот Курир.

Тој беше убиен во автомобил.  Убијците му пришле на автомобилот на кривина на која автомобилот морал да успори.

Според она што го објави порталот „Ослобоџење“, убијците на автомобилот во кој биле Круниќ, Жарко Павловиќ и возачот Горан Илиќ му пришле од десна страна - онаа на која седел Круниќ. После тоа еден тргнал кон возилото директно, а друг останал од десната страна.

Круниќ бил ликвидиран напаѓачот Бенеди Џукановиќ кој е во бегство. Круниќ на лице место им подлегнал на повредите. Не е познато кој од останатите осомничени го убил Жарко Павловиќ, кој исто така е погоден во глава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега