Погребан навивачот на Партизан, кој беше убиен во Белград

Љубомир Марковиќ Киќа, 37-годишниот лидер на навивачката група на Партизан, бил погребан денеска на Новите гробишта во Белград.

На погребот присуствувале повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои, покрај членови на семејството и пријатели, и голем број на навивачи.

„Гробарите“ пееле навивачки песни во чест на Киќа и  палеле димни бомби.

Колку Марковиќ бил почитуван во навивачкиот свет, сведочат некролозите кои беа објавени во весниците и од навивачите на Црвена ѕвезда, за него.

На погребот, еден од мажите кои го држеле ковчегот на Љубомир бил и Марко Павловиќ, директорот на маркетинг на Црвена Ѕвезда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.11.2019 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега