Погреб наместо свадба: Медицинска сестра загинала во експлозијата- вереникот на камера видел се (ВИДЕО)

 

Сахар Фарес, 24-годишна медицинска сестра стана симбол на катастрофата што се случи во Бејрут. Сахар беше со пожарникарите кои беа убиени во експлозиите што се случија во вторникот, а нејзиното семејство и свршеникот подготвија „венчавка“ за неа во четвртокот, што никогаш нема да ја имаат.

Сè беше сторено точно како што се случува на либанските свадби, само овој пат невестата беше во сандак.

Музичарите на церемонијата биле облечени во свирејќи додека пожарникарите го носеа белиот сандак кон мртовечницата, а членовите на нејзиното семејство фрлаа ливчиња од роза и ориз.

Нејзиниот вереник го носеа на раменици, додека тој со плачење се поздравуваше од својата сакана.

„Се што сакаше, ќе биде исполнето, само тебе те нема во бела венчаница.Ми го скрши срцето, љубов моја. Животот нема никаков вкус откако те нема тебе“ напиша Каран на социјалните мрежи пред церемонијата.

Сахар му се јавила на вереникот  во вторникот за да му го покаже големиот пожар кој избувнал. Со оглед на тоа дека немало никој на кој му било потребна медицинска помош таа седела во противпожарното возило, посматрајќи ги колегите кои го гаселе пожарот.

Кога огнот се раплатил таа излегла од возилото за да му покаже на вереникот што се случува. Му рекла дека се слушаат чудни звуци, кои г нема слушнато никогапш претходно. Последно што нејзиниот вереник видел, биле незините чевли додека барала засолниште. После тоа следела експлозијата, пишува Љујорк Тајмс.

„Мојата убава невеста. Нашата венчавка требаше да се одржи на 6 јуни 2021 година. Наместо тоа ќе биде утре. Те сакав, те сакам и секогаш ќе те сакам се додека не се обединиме  и  го продолжиме нашето патување заедно“., напиша Гилберт.

Тагата поради трагичната судбина на младата Сахар беше изразена на социјалните мрежи од луѓе од целиот свет, нарекувајќи ја либанска невеста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа