Подобра од Фејсбук и Инстаграм- нова друштвена мрежа која ќе ви се допадне

Друштвената мрежа „Веро“ изненадно стана популарна.

Главна карактеристика на оваа друштвена мрежа е тоа што објавите ги покажува по хронолошки редослед. Сѐ она што го гледате е објавено во истиот момент, а не пред неколку часа или денови.

Веро е ослободен од иритантни алгоритми и технички детали кои одредуваат што ќе ви се прикаже.

Можеби некому нема да му се допадне фактот дека „членството“ се наплаќа, но тоа значи дека никогаш повеќе нема да се оптеретувате со реклами или спонзорирана содржина.

Веро е покренат пред неколку години како потенцијална конкуренција на Фејсбук и Инстаграм, меѓутоа неговата популарност се зголемила деновиве.

Имено, неколку влијателни корисници на Инстаграм почнале да објавуваат на Веро и најавиле дека ќе почнат активно да го користат овој сервис.

 

 

 

01.03.2018 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа