Подготвителна седница на РКЕ за одземање на лиценците на БЕГ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска има подготвителна седница на која се разгледува Предлог-одлуката за укинување на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Балкан енерџи груп (БЕГ).

-Се очекува следната недела да се закаже главна седница главна седница на која ќе бидат донесени конечни одлуки за одземање на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Балкан енерџи груп, изјави за МИА Марина Узунов портпарол на РКЕ.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски минатата недела најави дека Комисијата е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ).

-Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија што од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk преку кој граѓаните може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.

Најави дека сите постапки ќе бидат завршени на време, а до нивното завршување, како што кажа, постојниот вршител на енергетската дејност е должен да ја врши дејноста. 

17.06.2022 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега