Подгответе си шишиња на време - во недела корисниците од една скопска населба ќе биде без вода

 В недела од 8:30 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на потегот од „Октомвриска Револуција“ до улицата „Рузвелтова“, а со намален притисок ќе биде хотелот „Александар Палас“.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на цевка на булеварот „Илинден“ без број, спроти Зоолошка градина во населбата Карпош 1.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега