Подгответе се за вистинска зима: Метеоролозите најавуваат минусни температури и снег

Во текот на денот сончево и релативно топло со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови.

Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 5 степени, а дневните до максимални 9.

За утре метеоролозите најавуваат претежно облачно и студено време со локални врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 07:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа