Подгответе се за температурен шок: Од утре дожд и намалување на температурата

Под влијание на циклонска активност од утре следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, со температура од 20 до 28 степени. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега