Подгответе се за студено време: Утрински температури до -15 степени

Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Утринските температури од -15 до -3 степени, дневните во интервал од -7 до 2 степени

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе изнесува -6 степени.

За утре се најавува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

УХМР информира дека следува период на стабилно и студено време, особено наутро кога минималните температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

07.02.2023 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега