Подгответе се за промена: Утре дожд и грмежи, но температурите високи

Утре и во сабота кај нас се очекува мала промена на временската состојба која ќе биде проследена со локална позначителна облачност а ќе има услови и за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Дождот ќе биде со слаб интензитет и тоа нема да биде ништо значително за да ја ублажи сушата која ја зафати територијата на Македонија.

Сепак и покрај малата промена на времето температурите на воздухот ќе останат многу високи за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во најтоплите региони истите се очекува да се искачат повторно до околу 30 степени. Ќе започне да дува и слаб до умерен ветер но ќе биде од променлив правец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега