Подгответе се за нов пеколен бран- Метеоролозите најавуваат температури и до 41 степен

УХМР најавува период на претежно стабилно и многу топло време со пораст на дневните температури. Како што информира, особено топло се очекува да биде од средината на следната недела кога на места ќе биде 40 степени.

Во четврток и петок максималната температура ќе достигне 41 степен, а утринските ќе се искачат до 24.

За денеска попладне се прогнозира можна изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

24.07.2021 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега