Подгответе се за нов ценоцен шок: Западот ја ограничи цената на руската нафта - Русија ќе престане да произведува

Групата седум индустриски најразвиени западни земји, Европската Унија и Австралија и од понеделникот ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари по барел, заканувајќи им се со санкции на осигурувачите и превозниците кои ќе пружаат услуги за поскапи пратки. Кремљ и руската влада сега разгледуваат три можни одговори, вклучувајќи забрана за продажба на нафта на сите земји кои го поддржаа ценовниот лимит, јави Ведомости, повикувајќи се на два извори од руската влада.

Забраната би била директна и за продажба преку посредници, наведува рускиот весник. Друга опција претставува забрана за извозот заглавен со договори кои го вклучуваат ценовниот лимит, и тоа за сите земји одредишта. Според третата опција, извозот на руската нафта Уралс би бил дозволен само со пропишаниот максимален попуст на меѓународните референтни цени, јави весникот.

Потпретседателот на руската влада Александар Новак кажа во вторникот дека новите уредби за извозот ќе стапат на сила до крајот на годината. Претходно изјави дека Русија би можела да го намали производството на нафта, но не многу.

Блумберг извести дека Русија размислува и за одредување најниска дозволена цена на нафтата во меѓународната продажба.

08.12.2022 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега