Оперативната команда на иранската армија „Хатам Ал-Анби“ објави драматична промена во својата воена стратегија. Наместо досегашните „одмазднички удари“, Техеран преминува кон тактика на континуирани напади врз своите противници. Портпаролот Ебрахим Золфагари упати директна закана дека секој танкер што плови кон САД или нивните сојузници ќе биде сметан за легитимна цел.
„Подгответе се за нафта од 200 долари за барел“, порачаа од командата, посочувајќи дека регионалната безбедност е целосно дестабилизирана. Оваа ескалација доаѓа во момент кога протокот низ стратешкиот Ормуски теснец е практично парализиран, што веќе ги вивна цените на нафтата до рекордно ниво од 120 долари по барел.


