Македонија се подготвува за промена на метеоролошката состојба поради спуштање на ладна воздушна маса. Според прогнозите, во следните денови нè очекува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјата.
Со падот на дневните температури, на повисоките места се очекуваат врнежи од дожд и снег, додека на планините врнежите ќе бидат исклучиво од снег.
Во Скопје времето ќе биде значително посвежо со повремени врнежи од дожд. До среда ќе дува ветер од јужен правец, додека во четврток и петок се очекува умерен до засилен северен ветер.


