Подгответе се за главоболки и мачнини: Многу пресврти со времето

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 13 до 22 степена.

Во Скопје, слично време, умерено облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.

Во Маврово максималната дневна температура ќе достигне до 13 степени, Кавадарци 29, Охрид 16, Битола 17, Крива Паланка 16, Берово 15, Дојран 22.

Викендов ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Од понеделник кон крајот на денот ќе има нови локални врнежи од дожд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега