Подгответе се за драстична промена на времето: УХМР најавува студ и снег

 

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи до 23 степени, информираа од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд, со температура до 18 степени.

Времето во наредните денови ќе биде променливо и постудено со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег, особено в среда. Пообилни врнежи се очекуваат в понеделник. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

 

 

 

21.10.2018 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега