Времето утре променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР .
Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди.
Повремени локални врнежи ќе има и во недела, а пообилни врнежи се очекуваат во понеделник, кога и на некои од повисоките места ќе преминуваат во снег.
Преодно стабилизирање се очекува во вторник, а од среда повторно ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

