Подгответе се навреме: Неколку места во Опшина Центар утре без вода
Прекин на водоснабдување утре од 09:00 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Орце Николов 87“, односно на потегот од улицата „Аминта Трети“ до „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар.
Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато поради дефект на приклучна цевка ф-6/4 “ на улицата „Орце Николов 87“.
Корисниците ќе бидат без вода до завршување на интервенцијата.
23.09.2019 - 15:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа