Подгответе се на време- неколку места во Скопје денеска без вода

 

Корисниците од Визбегово и Долно Лисиче денеска од 8:30 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што соопшти Дежурно-информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „5“ бб во Визбегово. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на активностите.

Прекинот во Долно Лисиче, пак, е поради водоводен приклучок на улицата „2“ бр.30 во Долно Лисиче, Општина Аеродром. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2019 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега