Почнува со работа првата нуклеарна централа во арапскиот свет

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дадоа зелено светло за почеток на работата на нуклеарната електрана Барака, прва во арапскиот свет, соопшти денеска постојаниот претставник на ОАЕ во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

– Федералното тело за нуклеарна регулација одобри издавање на оперативна дозвола за реакторот 1 на овој објект, рече Хамад Алкаби на прес-конференција во Абу Даби.

Тој додаде дека централа ќе почне да работи наскоро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега