Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска објави старт на масовна акција за контрола на фирмите за производство на медицински канабис низ државата. Заедно со тимови од МВР, инспекторите веќе се на терен за да ја проверат работата на сите 43 лиценцирани субјекти.

Алиу откри скандалозен податок – иако Меѓуресорската комисија за контрола постои од 2017 година, во архивите на Министерството не бил пронајден ниту еден извештај за нејзиното досегашно работење.

„Додека трае оваа прес-конференција, колегите се на терен. Ќе мора да се проверат сите 43 лиценци. Меѓуресорската комисија била креирана во 2017 година, а не најдовме ниту еден извештај од нејзината работа, иако таа е клучна за да имаме увид што се случува со производството на канабис“, истакна Алиу.

Exit mobile version