Почна средбата на коалициските партнери во Владата

 

Во тек е средбата на коалициските партнери од Владата, на која се очекува да се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година заедно со претседателските.

Целта на средбата, како што објасни Ковачевски во петокот, е да се направи рекапитуалција на се’ што било направено во однос на справувањето со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата Влада.

„Ќе информираме за мерките кои ќе бидат преземени, а се вцртани во ребалансот, ќе направиме и осврт и на енергетската криза, кризата со растечките цени на светските берзи во однос на храната, на енергенсите суровините предизвикани од нападот на Русија врз Украина“, рече Ковачевски.

Коалициските партнери ќе се осврнат и на политиките во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Македонија и усогласување со системот на ЕУ.

По завршување на средбата премиерот Ковачевски ќе одржи прес-конференција.

Сoстанокот се случува еден ден по протестот на македонската опозиција на кој повторно беше побарано одржување на предвремени парламентарни избори.

19.06.2022 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега