Почна продолжениот полициски час во Куманово (ФОТО)

Во Куманово предмалку почна полицискиот час, кој од денеска ќе трае до понеделник. Владата денеска, поради зголемениот број на заразени од Ковид-19, одлучи тој да трае од 21:00 часот до 05:00 часот в понеделник.

Кумановци имаа многу малку време за да се подготват за претстојниот викенд, откако одлуката беше објавена можеа да се забележат редици луѓе пред маркетите.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој и самиот доаѓа од овој град, вели дека одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести. Но, и како што рече, анализите покажуваат оти кумановци не ги почитувале владините мерки за социјална дистанца и не биле искрени пред докторите.

-Ова е тешка одлука, рестриктивна одлука. Но неминовно е да се донесе за да го спасиме животот и здравјето на граѓаните. Времето за викенд, кога луѓето се повеќе слободни, остава простор за групирање, за излегување и на тој начин се зголемува просторот за пренос на вирусот, рече Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега