Започна нова страница во извршувањето на санкциите, откако за првпат беше спроведена пресуда за куќен затвор со употреба на опрема за електронски надзор.
Овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велешко, на осудено лице му поставија алка на глуждот, со која ќе се следи неговото движење
Според условите на пресудата, осуденикот нема да смее да го напушта својот дом во наредните три месеци. Единствен исклучок е правото на престој на свеж воздух, кое е ограничено на најмногу два часа дневно. Од надлежните служби појаснуваат дека системот функционира преку постојан мониторинг.
„Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и ограничувањата дадени од судот, пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација“, се вели во соопштението.
Примената на оваа алтернативна мерка се смета за поекономична за државата во споредба со затворското издржување на казната. Во конкретниот случај, имајќи ја предвид возраста на сторителот, таа воедно претставува и похуман начин на извршување на санкцијата.
- Орце Ѓорѓиевски: Нека е аирлија булевар Борис Трајковски
- Мицкоски од Виена: Отворен и конструктивен дијалог за унапредување на соработката, посебно во економијата
- Димитровски за МИА од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан
- Падна Косовец на Блаце – во системот Интерпол го евидентирал по мерка „апси“
- Димитров од Делфи до Бугарија: Колку и да мислите дека ви е добра стратегијата – не е лошо да си ги погледнете резултатите
- Хоџа во Виена: Австриските искуства како модел за македонските реформи во животната средина
- Напад во Ормуз: Грчки брод цел на Иранската револуционерна гарда, министерот Герапетритис со итно предупредување
- Средба на министерот Муцунски со министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Бауер


