Почна изрекувањето на пресудите за 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје почна рочиштето на коешто ќе бидат објавени пресудите за случувањата во Собранието од 27 април. Пресуди ќе има за 17, од првично 33 обвинети.

Случајот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

Пред судот е забележано поголемо полициско обезбедување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега