Почна да се полни и модуларната болница – пополнети 15 места

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ изјави дека веќе се полнат капацитетите на модуларната болница до Инфективната клиника, односно дека веќе има 15 места од вкупно 71 колку што е капацитетот, пренесува „ТВ21“

Исто така Стевановиќ уште еднаш апелираше на почитување на мерките за заштита од коронавирусот, а воедно апелираше сите оние кои се асиптоматски случаи да не доаѓаат на Инфективна, туку да се лекуваат согласно препораките на матичен лекар.

Венко Филипче вчера во изјава за медиумите напомена дека откако ќе се потполнат капацитетите, ќе биде прогласен полициски час во земјата.

Последните денови во Македонија има драстичен скок на заразени со Ковид-19, и повеќе хоспитализирани низ болниците. Во повеќето други градови, пак, веќе нема место за нови заболени од Ковид-19.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега