Починал во ужасни болки - Обдукцијата ја покажа причината за смртта на српскиот рапер

Далибор Андонов Гру, познатиот српски рапер, почина во страшна трагедија во Земун, откако се удавил во вода.

Раперот кој зад себе остави сопруга и две дечиња, се занимаваше со години со екстремни спортови на вода, а сега тие го чинеа и живот.

Според наодите од обдукцијата, Гру починал по давење во вода, откако силниот ветер неколку пати го кренал и го враќал во вода, а тој при ударите се здобил со скршеница на кичмата која била фатална.

Познатиот српски рапер ќе биде погребан во четврток во 14 часот и 30 минути.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега