Починал на лице место: Малолетник прегазил пешак во Скопје па побегнал

Малолетник прегазил пешак во Скопје, по што пешакот починал на лице место, а малолетникот се обидел да избега, но набрзо бил пронајден,.

Според пријавеното  вечера околу 15.30 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, пред крстосница со ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 - годишник од Скопје, удрило во пешак С.С.(38) од Скопје.

Пешакот  починал на местото на незгодата, а возачот го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа