Починал на лице место - Детали за трагедијата во Скопје

Пешак починал на лице место кога бил прегазен во населбата Илинден.

Според МВР, во 19 часот и 20 минути вчера, на локалниот пат во населба Илинден, Скопје, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот М.В. од селото Марино, скопско, удрило во пешак.

Се работи за 79-годишниот С.С. од населба Илинден, кој починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега