Починаа две лица на крузерот во карантин поради коронавирус - 29 лица се во критична состојба

Двајца патници од бродот Дајмонд принцес усидрен во Јапонија, починале од коронавирус, додека 39 се во критична состојба.

На бродот во моментов има 620 патници заразени со коронавирус, пренесува Ројтерс.

Починатите патници биле маж и жена од Јапонија, на возраст од 87, односно 84 години.

Меѓу лицата кои се во критична состојба има и една девојка, која претходно била негативна на тестирањето.

Крузерот од 3. февруари се наоѓа во карантин во јапонското крајбрежје поради опасност од коронавирус, а од 5. февруари било побарано од сите патници да останат во своите кабини.

Околу 500 патници кои не се заразени денеска почнале да го напуштаат бродот, додека 100 од нив ќе се вратат во своите земји со чартер лет.

Министерството за здравство во Македонија информираше дека еден македонски државјанин, член на екипажот на јапонскиот крузер, е заразен во коронавирус и е хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика.

Министерот Венко Филипче изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација што доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега