Почина затвореник од Идризово: Со возило бил пренесуван кон болница, но починал по пат

МВР информира дека вчера во 17.50 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека починал Р.В.(27), осуденик во Казнено - поправната установа Затвор Идризово.

„Според пријавеното, поради влошена здравствена состојба Р.В. со возило на затворот бил пренесуван кон болница, но по пат починал во возилото“, соопштија од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

25.11.2022 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега