Почина возачот на „цитроенот“ кој удри во дрво на „Рузвелтова“

Почина возачот на „цитроенот“ кој попладнето удри во дрво на „Рузвелтова“.

 

Според неофицијални болнички извори, тој при возењето доживеал срцев удар, а медицинските работници го реанимирале час и половина.

Неофицијално станува збор за 32-годишен доктор кој извршуваше и високи партиски функции во владејачката СДСМ. Медиумите претходно шпекулираа дека бил под дејство на алкохол, но болнички извори тврдат дека тоа не е точно.

Несреќата се случи во 16:35 часот помеѓу возила „цитроен“ и „опел“. Возачот на „цитроенот“ со Итната медицинска помош бил пренесен во „Мајка Тереза“.

Сите одговори за случајот треба да ги даде МВР по комплетирање на сите формалности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега