Почина сопругот на Гога Секулиќ

Сопругот на српската пејачка Гога Секулиќ, Игор Рамовиќ починал вечерва по кратко боледување, пишуваат српските медиуми.

Според неофицијалните информации кои се пренесуваат, Рамовиќ неодамна дознал дека боледува од кaрцином. Веднаш го започнал лекувањето, била побарана помош од најдобрите лекари, па и покрај терапиите во Германија, Рамовиќ вечерва ја изгубил битката со карциномот.

Тој имаше 39 години, а со Гога стапи во брак пред 2 месеци. Беше сопственик на неколку познати клубови во Лондон каде што се дружеше со светскиот џет сет како Наоми Кембел, Гај Ричи, принцот Вилијам, Парис Хилтон

најчитано сега