Почина славниот актер- зад себе остави над 200 проекти

Актерот Џозеф Кампанела почина во својот дом во Шерман Оукс, Калифорнија, на 93-годишна возраст.

Зад себе остави над 200 проекти, а најпознат е по улогите во ТВ сериите „Mannix“, „The Colbys“, „Dallas“, „The Bold And The Beautiful“ и секако – „The Days Of Our lives“, за која во 1989 година доби номинација за Еми наградата.

Кампанела е роден во Њујорк Сити, а студирал на Колумбискиот Универзитет, пред неговата преселба во Холивуд.

Зад себе ја остави сопругата Џил, со која е во брак 53 години, седум сина и осум внуци.

 

 

 

17.05.2018 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа