Почина славната акерка - се прослави во филмовите на Ингмар Бергман

Шведската актерка Биби Андерсон, која се прослави со улогите во филмовите на легендарниот режисер Ингмар Бергман, почина на 83 години, потврди нејзината ќерка Џени Греде Далстранд.

Андерсон почнала да соработува со Бергман уште на 15-годишна возраст, прво во реклами, за потоа да ги оствари најпознатите улоги во неговите филмови „Седмиот печат“ (1957), „Диви јагоди“ (1957) и „Персона“ (1966).

Во кариерата долга речиси шест децении, таа остварила повеќе од 100 филмски и телевизиски улоги и беше наградена со Сребрена мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 1963 година.

 

„Иако нејзината кариера е тесно поврзана со Бергман, Биби Андерсон, пред сè, беше своја актерка. Иако често играше едноставни и понекогаш слабо напишани ликови, таа знаеше да ги издигне тие улоги на високо ниво“, изјави Јан Холмберг, извршниот директор на фондацијата „Ингмар Бергман“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега