Почина режисерот на два филма за Бетмен (ВИДЕО)

Холивудскиот режисер на 80 години Џоел Шумахер почина во Њујорк како последица на рак. 

Тој зад себе има богата кариера на филмови. Адаптираше два романи на Џон Гришам, „Клиент“ и „Време за убиство“. Освен тоа беше ги режираше и „Денот на лудило“, како и „8 Милиметри“, но на многумина ќе им остане најпознат како режисер на два филма за Бетмен.

Тој стои зад „Бетмен засекогаш“ од 1995 година, и „Бетмен и Робин“ – две години подоцна.

Тој доби и три нонимации за Оскар за филмот „Фантоми од операта“ од 2004 година.

22.06.2020 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа