Научната и академска заедница во Македонија се збогува со проф. д-р Илија Димовски, редовен професор на Педагошкиот факултет во Штип, кој почина на 84-годишна возраст.
Со големо жалење ја соопштуваме веста за починувањето на Проф. д-р Илија Димовски, редовен професор на Педагошкиот факултет во Штип, стои во соопштението објавено по повод неговата смрт.
Илија Димовски е роден е во 1942 година во село Мало Црско. Магистрирал на Универзитетот во Загреб, а докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Автор е на бројни научни трудови и стручни книги и остави значаен придонес во науката, образованието и развојот на еколошката свест во Македонија. Погребот ќе се одржи на Градските гробишта Бутел, во понеделник, 19 јануари, во 13:00 часот.
Вечна му слава.
- Управата за јавни приходи со зајакнат пристап во управувањето со даночните долгови
- Четиригодишно дете тешко повредено – се судрија автобус и автомобил
- Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13
- СДСМ: Рацете ви се крвави, оставка од Тошковски
- Стари долгови ја закочија продажбата на луксузното „ауди“ на Мерко
- Мицксоки на комеморативната седница: Се сплотуваме во тагата
- Министерството за дигитална трансформација одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите
- Тешка сообраќајка: Автомобил излета од патот – тројца повредени


