Почина повредената жена - Роднини на повредените одзади ја гледале трагедијата

Огромна трагедија ја потресе Македонија вчера кога се случи страшен верижен судир на патот Велес-Скопје, при што почина жена.

38-годишната кавадарчанка која беше најтешко повредена  во тешката несреќа и со крварење и скршеници на главата пренесена на КАРИЛ, за жал почина вчера и покрај напорите на лекарите. Лекарите на клиниката неколку часа ја држеле под надзор поради сериозните повреди на главата, но не успеале да ја спасат, јавува Телма.

Сопругот на загинатата е исто така меѓу повредените и заедно со 10-годишната внука е префрлен во велешката болница каде се задржани, откако со автомобилот удриле во камионот кој застанал да го избегне превртеното БМВ на патот.

Девојчето се возело со своите роднини кон Скопје, а родителите на повреденото дете биле неколку возила поназад и во живо ја гледале трагичната несреќа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 08:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега