Почина последниот чехословачки комунистички лидер

Милош Јакеш, последниот чехословачки комунистички челник кој во екот на Плишаната револуција во 1989 година, поднесе оставка, почина на 97-годишна возраст, објави Си Ен Ен.

 

Според телевизијата, политичарот е закопан во вторникот во прага, но не наведе и кога починал.

Јакеш е именуван за генерален секретар на чехословачката Комунистичка партија во декември 1987 година.

На таа функција беше нешто помалку од две години, до Плишаната револуција со која е срушен комунизмот во Чехословачка.

Таа земја во 1993 година по мирен пат се раздвои на Чешка и Словачка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа