Поранешниот пратеник Благојче Трпевски почина на 60. годишна возраст, а веста на социјалните мрежи ја сподели екс премиерот – Димитар Ковачевски. 

– „Денеска не напушти Благојче Трпевски кој ќе го паметиме како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек. Беше вистински професионалец и поранешен пратеник во Собранието, човек кој неуморно работеше на реализацијата на патниот Коридор 8 и на развојот на државата. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат трајно запаметени“, напиша Ковачевски.

Неговиот син Јовица Трпевски (25) беше меѓу 13-те лица кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа со автобусот на „Дурмо турс“. Несреќата се случи во февруари 2019 година на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус со околу 50 патници излета од коловозот и се преврте.

Exit mobile version