Почина пејачката на познатата група Роксет: Ја изгуби битката со тешката болест

Пејачката на популарното шведско поп дуо Роксет, Мари Фредриксон почина на 61-годишна возраст после 17-годишната битка со ракот.

Шведската поп ѕвезда, чии најпознати хитови беа „It Must Have Been Love“ и  „Listen To Your Heart“, почина во понеделникот.

Музичарката се повлече од турнеи пред три години по налог на лекарите, а зад себе ги остави сопругот Микаел Болиос и нивните две деца, ќерката Инез Јосефин (26) и синот Оскар (23).

Во 2002 година Мари колабираше и имаше напад додека џогирала со сопругот и тогаш и беше дијагностициран тумор на мозокот.

Мари поради месеците поминати на хемотерапија и радијација, остана слепа на левото око и со намален слух и способност за говор, а во 2005 година објави дека се чувствува здраво и нема повеќе потреба од лекарски третмани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега